ЖРК Вардар против младинскиот состав ја подигна третата титула во македонското првенство!

Во македонското женско првенство се одигра 19-то коло, во кое се додели трофејот за шампионот на Македонија. ЖРК Вардар СЦБТ иако уште пред неколку кола го обезбеди насловот во македонскиот шампионат, на последниот натпревар на домашен терен го подигна пехарот.
Со резултат 34-18 полуфиналистот на Лигата на шампионите го совлада вториот младински состав, дел од спортското семејство Вардар. Натпреварот со очекуван крај започна неизвесно, а младите Вардарки се задржаа во игра цела 21 минута. Во последните 10 минути влегоа со еден гол негатива за 9-8, но последниот период од првиот дел екипата на Симе Симовски постигна само еден гол. Од друга страна, постарите Вардарки постигнаа пет погодоци за конечни 14-9.
Искусните ракометарки на Вардар СЦБТ полека го градеа водството, за во 48-та да ја создадат највисоката предност од 27-14. На минута до крај кога веќе беше одлучен победник, Итана Грби со два гола во низа ги постави првите 16 голови предност, 33-17, а Митова погоди за највисоката предност на натпреварот 34-17. Последниот погодок го постигна Тодоровска, за конечни 34-18.
Најпрецизна во екипата на ЖРК Вардар беше Керамичиева со седум, додека Кликовац и Лазовиќ постигнаа по пет.