ЖРК Вардар против Жито Прилеп пред дербито со Будуќност

Ракометарките на ЖРК Вардар во среда ( 12.11.2014) ќе го одиграат шестиот натпревар во македонската лига. Противник на ЖРК Вардар е составот на Жито Прилеп кој сеуште нема освоено бод во новата сезона. Првиот дуел помеѓу овие две екипи заврши со убедлива победа на Вардарки со високи 46:11. На натпреварот против Жито Прилеп се очекува голема минутажа да добијат младите ракометарки Митова, Стојановска и Петковска кои  ја кренаа публиката на  дуелот против Подравка како и новиот пикер во првиот тим – Ивана Гакидова.