ЖРК Вардар пресилен за Крајова

Вториот тим на ЖРК Вардар во СРЦ Кале беше убедлив против младинскиот тим на Крајова од Романија со високи 38:16 (20:6) во пријателски натпревар. Мечот беше решен уште на самиот почеток кога грешките на Романките беа максимално искористени од страна на Вардар. Најефикасна на теренот беше Наташа Нолевска со осум погодоци. Одлични меѓу стативите беа Белмезова и Ладева.

Следен натпревар на ЖРК Вардар е против ЖРК Пелистер во рамките од Супер лигата во Битола на 05.04.2015 со почеток од 18:30.