ЖРК Вардар потврди: Јан Питлик го засилува стручниот штаб на македонскиот шампион!

Откако присуствуваше на натпреварот против Крим, започнаа шпекулациите дека прославениот дански тренер Јан Питлик би можел да го засили стручниот штаб на ЖРК Вардар. Оваа вест предмалку беше и официјално потврдена на официјалната веб страна на македонскиот шампион.
ЖРК Вардар и Питлик се договориле на соработка во која Данецот треба да помогне во подготовка на екипата за настапите во Лигата на шампионите. Индира Кастратовиќ останува прв тренер на екипата.

Јан Питлик (49) е поранешен селектор на данската женска ракометна репрезентација и тоа во периодот од 1998 до 2006 и од 2007 до 2014. Под негово водство данкињите освоија две олимписки злата во 2000 и 2004 година, злато на ЕП 2002 како и две сребра на ЕП 1998 и 2004.

фото:zrkvardar.com.mk