ЖРК Вардар поразен од Флори во првата контролка

Избраничките на Индира Кастратовиќ се поразени од францускиот суперлигаш, Флори со резултат 30:28 во првиот контролен натпревар. Најефикасни во составот на ЖРК Вардар беа Сираба Дембеле со пет и Андреа Пенезиќ со четири погодоци. Солидна минутажа доби и русинката Татјана Хмирова која реализираше три погодоци.

Вториот контролен натпревар помеѓу ЖРК Вардар и Флори ќе се одигра на 26.04.2015 (недела) со почеток од 19:30 во СЦ „Јане Сандански“. Влезот за сите љубители е слободен.