ЖРК Вардар официјално ги претстави засилувањата за новата сезона: Вардар е голем клуб, Скопје е прекрасен град, на ред се победите!

Екипата на ЖРК Вардар во 12 часот во просториите на салата Борис Трајковски имаше официјална презентација на сите свои засилувања за сезоната 2014/15. Екипата за престојната сезона се засили со пет нови ракометарки: Андреа Пенезиќ и Барбара Лазовиќ кои дојдоа од Крим, Ања Алтхаус од Турингер, и русинките Черноиваненко и Ихнева кои пристигнаа од екипата на Лада. На прес конференцијата тие ги искажаа своите очекувања за престојната сезона, импресиите од новиот клув, градот…

АНДРЕА ПЕНЕЗИЌ:

Среќна сум што ќе настапувам во голем клуб како Вардар, атмосферата во екипата е прекрасна, и се надевам дека ќе постигнеме големи резултати во престојната сезона.

На прашањето дали чуствува притисок дека ќе биде главен играч на десната бековска позиција со оглед на тоа дека на таа позиција има најмала конкуренција, словенечката репрезентативка Лазовиќ изјави:

Не чуствувам притисок, и не се плашам од конкуренцијата во екипата. Би рекла дека конкуренцијата е здрава, и тренерот ќе реши кој ќе игра, јас знам дека ќе играм најдобро што можам. Играчите добро ме прифатија, сега останува добро да работиме, да одиме чекор по чекор, да не најавуваме премногу и да оствариме добар резултат.

ОЛГА ЧЕРНОИВАНЕНКО:

Среќна сум што сум дел од овој тим, има многу добри играчи во Вардар. Ми се допаѓа се, и атмосферата и градот и играчите. Се чуствувам удобно во Вардар.

И Ихнева има слични размислувања како своите нови соиграчки:

Драго ми е што дојдов во тим со големи амбиции кој сака да постигне врвни резултати. Исто така Скопје многу ми се допаѓа, бев во центарот на градот кој е прекрасен.

По ова Вардарки ги започнуваат своите подготовки за престојната сезона, во која влегуваат со големи амбиции. Формата мора да се одржува во текот на целата година, а знаејки го фактот дека оваа година нема да настапуваат во регионалната лига, клубот преку разни турнири и пријателски натпревари со силни екипи ќе се обиде да остане во полна форма за предизвиците кои го чекаат со настапите во Лигата на шампионите.