ЖРК Вардар на турнир во Кикинда

Втората екипа на ЖРК Вардар предводена од Симе Симовски во наредните денови ќе биде дел од ракометниот турнир во Кикинда. Покрај домаќинот и нашиот претставник ќе учествуваат уште Пролетер Зрењанин, Врбац од Врбац, Врбац од Бања Лука и ракометниот клуб Бајмок од Сомбор. Ракометарките од сите клубови се од генерацијата 96/97.  Според најавите ЖРК Вардар ќе одигра четири пријателски натпревари. Претходно вардарки беа на подготовки во Аранѓеловац каде одиграа неколку пријателски натпревари со тимови од Србија .

Клубот за новата сезона го засилија Љупка Белмезова од Жито Прилеп, Ангела Тодоровска, Ивана Гакидова, Теодора Керамитчиева и Клаудија Георгиевска од ЖРК Металург, како и трите ракометарки од младинскиот погон на ЖРК Вардар, Леонида Гичевска, Габриела Џини, и Нина Ладева.