ЖРК Вардар наредната сезона без Дејвис

Македонскиот првак во женска конкуренција, ЖРК Вардар ќе остане без уште еден стратег на крајот на сезоната. Преговорите на управата со шпанскиот експерт Давид Дејвис не завршиле позитивно за женскиот колектив на „црвено-црното“ семејство. Дејвис е помошник на Раул Гонзалес во машкиот состав на Вардар каде ќе продолжи да ја извршува својата задача.

Откако Дејвис дојде на клупата на „црвено-црните“, Вардар имаше низа победи кои вклучуваа противници од рангот на Будуќност, ЦСМ Букурешт и Ларвик. Но на Фајнл Фор турнирот тој го доживеа највисокиот пораз откако пристигна во Вардар, а македонските првенки успеаа да дојдат само до бронзениот медал.

Пред неполн месец управата на „црвено-црните“ му понудила одлични услови на шпанскиот стратег да продолжи со работата и во женскиот колектив, сепак тежината на задачите во тимот на Раул Гонзалес биле доволна причината Дејвис да се откаже од женскиот колектив, на само неколку недели пред полуфиналниот дуел од Лигата на шампионките.

Вардарки веќе се во потрага по нов тренер за следната сезона, а управата ќе се обиде да внесе шпански шмек во „црвено-црните“ редови.