ЖРК Вардар наиде на отпор во Копривница

Ракометарките на ЖРК Вардар во рамките на третото коло во Лига на шампионите во Копривница мака мачеа против Подравка Вегета. Избраничките на Горан Мрѓен создаваа проблеми на ЖРК Вардар од сите позиции. Андреа Пенезиќ на почетокот беше на ниво и постигна три погодоци за ЖРК Вардар. Подравка со головите на Татари, Немашкало, Никшиќ и Џоно направија сензација во Копривница и високо водство од 10-4. Со серија од 4-0 избраничките на Индира Кастратовиќ се вратија во игра . Првото полувреме заврши со резултат 13-11 за домашната екипа.

Во вториот дел се разбрани Суслина додека Андреа Лекиќ со своето стекнато искуство го врати Вардар во живот. Првото водство во вториот дел го донесе Јованка Радичевиќ за 16-15. Играта гол за гол продолжи и во текот на натпреварот. Клучната разлика беше направена буквално во последната минута кога Андреа Пенезиќ постигна погодок додека Кристина Елез од контра не успеа да ја совлада одличната Ина Суслина. Вардар заслужено оствари победа со 27:26.

Најефикасна во ЖРК Вардар беше Андреа Лекиќ со седум погодоци, шест постигна Андреа Пенезиќ.

Во четвртото коло во Скопје пред своите фанови ракометарките на Вардар ја пречекуваат Подравка.