ЖРК Вардар лесно против ЖРК Пелистер

ЖРК Вардар немаше никакви проблеми против ЖРК Пелистер и триумфираше со високи 46:27 (24:12) во рамките од супер лигата. ЖРК Вардар натпреварот го отвори со голот на Алена Ихнева, а потоа следуваше зголемување на водството од минута во минута. На крилната позиција одлично се снајде Итана Грбиќ која стрелаше неколку пати прецизно во мрежата на Пелистер. Кај гостинската екипа расположена во првиот дел беше искусната Викторија Мурговска која со своите голови ја намалуваше недостижната разлика на домашните ракометарки. По долга пауза на теренот одлична беше Татјана Кмирова која постигна пет погодоци во првиот дел. Првото полувреме заврши со 24:12 за ЖРК Вардар.

FLP_3670

Во вториот дел тренерот на Вардар, Индира Кастратовиќ шанса им даде на младите ракометарки. Гакидова беше незапирлива од пикерската позиција, а црногорската интернационалка Андреа Кликовац ги покажа и своите квалитети и во нападот. Во последните десет минути ЖРК Пелистер играше без својата најдобра ракометарка Мурговска која заработи мала повреда. Со погодоците на крилото Надица Трпковска екипата на ЖРК Пелистер ја намали разликата на -19. Крајниот исход од натпреварот беше 46:27 за избраничките на Индира Кастратовиќ.

Најефикасна во составот на ЖРК Вардар беше Ивана Гакидова со осум погодоци. Ист број на погодоци постигна и Викторија Мурговска која беше најефикасна во ЖРК Пелистер.