ЖРК Вардар и на вториот контролен натпревар подобар од Есбјерг

Ракометарките на ЖРК Вардар денес во СЦ ,,Јане Сандански” беа подобри од Есбјерг во вториот контролен натпревар. Вардарки триумфираа со 31:26 (13:13). Разликата беше направена во вториот дел кога избраничките на Индира Кастратовиќ одиграа добра одбрана, а нападите беа прецизни.

На првиот натпревар ракометарките на ЖРК Вардар остварија висока победа со резултат 31:23. Утре данскиот тим си заминува од Скопје, во претходните четири денови одржаа и неколку заеднички тренинзи со ЖРК Вардар. Натпреварите против данскиот суперлигаш беа дел од подготовките пред натпреварот со Ѓер во рамките од Лигата на шампионите.