ЖРК Вардар десеткуван против ЖРК Ѓорче

Македонскиот шампион ЖРК Вардар продолжува со настапите во Супер лигата. Поради големиот број на ракометарки од Вардар кои настапуваат за своите репрезентации на Европското ракометно првенство тренерот на вардарки, Индира Кастратовиќ ќе нема многу опции против ЖРК Ѓорче на гостински терен. Ина Суслина, Драгана Петковска, Сара Митова, Симона Стојановска, Ивана Гакидова, Јулија Николиќ, Барбара Лазовиќ и Алена Ихнева се ракометарките кои ги има на распологање Кастратовиќ. Не е исклучена можноста во составот на Вардар да има и неколку ракометарки од пионерскиот погон.

Натпреварот ЖРК Ѓорче – ЖРК Вардар се игра на 10.12.2014 ( Среда) со почеток од 16:00 часот.