ЖРК Вардар го совлада Флери во третиот контролен натпревар

Составот на Индира Кастратовиќ во третиот контролен натпревар беше подобар од францускиот шампион, Флери со 27:25 (15:11). Уште од самиот старт вардарки со поддршка на голманките, Суслина и Лејно го најавија победникот во меѓусебниот пријателски меч против Флери.

Листата на стрелци кај ЖРК Вардар ја предводеше Андреа Пенезиќ со осум погодоци, а по четири погодоци постигнаа Олга Черноиваненко и Андреа Лекиќ.

ЖРК Вардар на подготовките во Франција одигра вкупно четири пријателски натпревари каде издвојува две победи, против Флери и Миос Биганос, и забележа  два порази од Флери. Веќе наредната недела македонскиот шампион ќе биде домаќин на силен турнир во Скопје каде ќе се покаже вистинската сила на Вардар.