ЖРК Вардар го освои второто место на турнирот во Хрватска

Вториот тим на ЖРК Вардар го освои второто место на турнирот во Дуго Село, Хрватска.
Избраничките на Симе Симовски беа убедливи против кадетската репрезентација на Црна Гора со резултат 22:13 (10:5). На втората победа вардарки се израдуваа против ЖРК Сињ. На овој натпревар ракометарките на ЖРК Вардар ја одиграа најдобрата партија на овој турнир и триумфираа со високи 48:21 (20:9).

Ивана Гакидова беше прогласена за најдобар пикер на турнирот и Итана Грбиќ за најдобро лево крило.

Турнирот го освои кадетската репрезентација на Хрватска.

Пласман на турнирот

1. Кадетска репрезентација на Хрватска

2. ЖРК Вардар

3. ЖРК Дуго Село

4. ЖРК Сињ

5. Кадетска репрезентација на Црна Гора