ЖРК Вардар го има најдобриот напад во ЛШ, Будуќност најдобрата одбрана

По завршувањето на првата фаза од ЛШ, ЕХФ направи статистика за тимовите, а македонскиот шампион, ЖРК Вардар, се најде на првото место со најдобриот напад во елитното натпреварување. ЖРК Будуќност ја има најдобрата одбрана, додека најслаба одбрана има словенечкиот шампион, РК Крим. Статистиката се однесува за првата фаза од ЛШ, а македонските шампионки се дел и од најпосетениот натпревар, оној против Ѓер во Унгарија.

Најдобар Напад

ЖРК Вардар  – голови (182)

ФТЦ Будимпешта  – голови (181)

Ларвик – голови (173)

Ростов Дон  – голови (173)

Најслаб напад

РК Подравка – голови (117)

Хипо – голови (175)

ИК Савехоф  – голови (138)

Најдобра одбрана

ЖРК Будуќност – голови (131)

Ѓер – голови (134)

ЦСМ Букурешт  – голови (138)

Најслаба одбрана

РК Крим – голови (208)

Хипо – голови (207)

Љублин  – голови (184)

Натпревари со најголем број на погодоци

РК Крим – Ростов Дон 31:36

Баја Маре – РК Крим  35:28

Хипо – ЖРК Вардар  25:38

Натпревари со најмал број на погодоци

Флери – Подравка 19:17

Подравка – Флери 20:20

Митјиланд – ЖРК Вардар  15:25

Најпосетени натпревари

Ѓер – ЖРК Вардар 5,089

Ѓер – Митјиланд  4,617

ЦСМ Букурешт – ЖРК Будуќност 4,500