Жоан Кањелас после дуелот со Еурофарм: Мораме да ја подобриме реализацијата

Шпанецот кој последен дојде во редовите на Вардар, Жоан Кањелас успеа да го совлада македонскиот јазик и веќе покажува дека напредува. После натпреварот со Еурофарм Работник коментираше за новиот пехар кој беше освоен годинава.

„Кога ќе успееме да победиме сите сме задоволни. Сепак, немаме многу време за да размислуваме за она што сме го направивме бидејќи веќе ни следува натпреварот против Висла во недела во Лигата на шампионите и веќе утре почнуваме да размислуваме за она што следува. На натпреварот против Еурофарм имавме грешки. Игравме добро во одбрана, но повторно во нападот не ги користевме сите шанси. Успевавме да создаваме шанси, но не успеавме и да ги реализираме така што ова мора да го поправиме до недела до средбата против Висла“, изјави Кањелас после дуелот против Еурофарм.