Жељо ја совлада Струга, но не ја надигра

Железничар стартуваше со победа на дуелот против Струга на стартот од 46. издание на Струшкиот турнир. Составот од Србија славеше со 25:20 и на тој начин се избори за првите бодови во групта во која се уште и екипите на Констанца и Алингсас.

Стружани тргнаа добро во мечот. Имаа неколку добри минути во кои успеваа да играат гол за гол со противникот од Ниш. На стартот од средбата долго се бараше играта за предност на двете страни. Железничар успеа за нијанса да биде подобар и да дојде до три гола предност, 6:3 и тука да почне да го диктира темпото во првиот дел.

Екипата на Струга не можеше да се врати и да намали. Не одеше најдобро во овој дел од средбата, а тоа резултираше со зголемување до пет гола, 11:6. Тоа беше најголемата предност за екипата од Ниш бидејќи после три одбрани во серија на голманот Стојаноски стружани успеаја да стигнат до два гола и на одмор да имаат 14:12.

Вторите 30 минути тргнаа со мирна игра. Немаше преголемо одвојување на Железничар. Стружани успеаја да се одржуваат на два гола и така и да го држат ритамот.

Сепак, после 20:18 дојде до мала криза во нападот и тука дојде до големо заостанувње.

Со пет гола во серија, Железничар зголеми на недостижни 25:18, па беше јасно дека до крајот на средбата нема да има шанси за екипата на Струга да се врати во мечот. Имаше само намалување на 25:20, но тоа беше сè што успеаја да направат до крајот од овој дуел.

ЖЕЛЕЗНИЧАР – СТРУГА              25:20 (14:12)

Игралиште: „Женска плажа“ во Струга. Гледачи: 300. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

ЖЕЛЕЗНИЧАР: Михаљевиќ (8 одб.), Лазиќ (7 одб.), Димировиќ, Јанковиќ 1, Миловановиќ 2, Сретеновиќ 2, Маџар, Вејин 1, Милосављевиќ, Спасиќ 5, Савиќ 2, Бабиќ 1, Јевтиќ 3, Дамјановиќ, Џераниќ 1, Клајиќ 2, Бандука 2, Кнежевиќ 2.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 10 мин.

СТРУГА: Кизиќ (3 одб.), Стојаноски (6 одб.), Мечкароски, Кузманоски 1, Крстаноски, Петровски 4, Нацев 1, Тренчески2, Цитешвили 4, Јанкулоски 2, Дукоски, Трпчевски 3, Барлакоски, Бајрамоски 4, Мемед, Костоски, Хаџидимов.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 4 мин.