Женска лига: Фаворитите тргнаа со победа, најавија нова битка за титулата

Првото коло во Женската лига донесе главно очекувани резултати, а фаворитите тргнаа со победи. Шампионот Металург, освојувачот на Купот, Куманово, Вардар, Стружанка… беа сигурни и тргнаа со триумф во новата сезона.

Победа имаше и за Овче Поле кој минатата сезона имаше проблеми, па сега покажаа дека сезонава ќе бидат поконкурентни.

Со победа стартуваше и тимот на Чаир на гостувањето кај уште еден дебитант Илинден така што ќе биде интересно во текот на оваа сезона. Сепак, јасно е кои се тимовите кои ќе ја имаат главната улога во трката за титулата.

ЖЕНСКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 1. КОЛО

СПАРТАК – ВАРДАР       24:33

Стефановска 10, Костадиновска 4, Василева 4 – Седлоска 9, Миновска 4, Божиновска 3

СТРУЖАНКА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ   38:19

Дукова 7, Делиоска 7, Маркоска 6 – Цветановска 7, Србиновска 5, Петровска 4

АЛУШОВСКИ – ОВЧЕ ПОЛЕ        22:32

Велигденова 8, Георгиевска 4, Николовска 4 – Вучевска 11, Сентовска 6, Манева 5

КУЗМАН ВАРДАР ИЛИНДЕН – ЧАИР     19:35

Блажевска 14, Ангеловска 2, Бојковска 2 – А. Николовска 10, М. Николовска 9, Реџеп 4

МЕТАЛУРГ – ГЕВГЕЛИЈА               48:8

Дамчевска 8, Тасевска 6, Граматова 5 – Пецевска 5, Попова 2, Петковска 1

ДЕСПИНА – КУМАНОВО              22:31

Камческа 6, Филипоска 5, Е. Рипилоска 4 – Шарановиќ 7, Трајковиќ 6, Јанкуловска 4

ПЕЛИСТЕР беше слободен

СЛЕДНО, 2. КОЛО

САБОТА, 21 СЕПТЕМВРИ

12:00ч

МЕТАЛУРГ – АЛУШОВСКИ

13:00ч

ВАРДАР – ДЕСПИНА

18:30ч

КУМАНОВО – СТРУЖАНКА

19:00ч

ЧАИР – ПЕЛИСТЕР

НЕДЕЛА, 22 СЕПТЕМВРИ

13:00ч

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – СПАРТАК

20:00ч

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ВАРДАР КУЗМАН ИЛИНДЕН