Женска лига, плеј-аут: Спартак и Деспина чекаат нови победи

Двете екипи кои имаат по 28 бода после 18 кола од регуларниот дел и шест од плеј-аутот, Спартак и Деспина викендов играат натпревари на домашен терен и влегуваат со предност.

Спартак е голем фаворит против Овче Поле и тука е во прашање само разликата со која би се добил овој натпревар против тимот кој нема ниту еден бод досега.

Деспина, пак, после победата во Гевгелија очекува да нема проблеми и против Цемс овој пат пред своја публика и се чека да се дојде до нови три поени.

ЖЕНСКА ЛИГА, ПЛЕЈ-АУТ

ДВОЈКИ ЗА 7. КОЛО

САБОТА, 4 МАЈ

12:00ч

СПАРТАК – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

НЕДЕЛА, 5 МАЈ

16:00ч

ДЕСПИНА – ЦЕМС

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Никола Пауновски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ГЕВГЕЛИЈА е слободна

ТАБЕЛА: 1. Спартак 28 (422:350); 2. Деспина 28 (379:316); 3. Гевгелија 27 (368:341); 4. Цемс 12 (347:388); 5. Овче Поле СУ 0 (260:391, – 1 меч).