Женска лига, плеј-аут: Деспина пред нови бодови

Ракометарките на Деспина денеска гостуваат во Свети Николе каде што влегуваат со улогата на фаворитки на натпреварот против Овче Поле СУ. Ова  е дуел на кој гостинките се пред нови три бода и само чудо може да ги остави без триумф.

Што се однесува до тимот од Свети Николе, овој состав и понатаму е без поени и е единствен кој не успеа да освои ниту еден поен од почетокот на сезоната.

ЖЕНСКА ЛИГА, ПЛЕЈ-АУТ

ДВОЈКИ ЗА 8. КОЛО

СРЕДА, 8 МАЈ

20:00ч

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ДЕСПИНА

Сала: Цар Самоил во Свети Николе. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.

ЧЕТВРТОК, 9 МАЈ

20:00ч

ЦЕМС – ГЕВГЕЛИЈА

Сала: Христо Ботанџиев во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.

СПАРТАК е слободен.

ТАБЕЛА: 1. Спартак 31 бод (467:391); 2. Деспина 31 (413:337); 3. Гевгелија 27 (368:341, – 1 меч); 4. Цемс 12 (368:422); 5. Овче Поле СУ 0 (301:436, -1 меч).