Женска лига: Металург на нов испит, овој пат против Пелистер

Денеска и утре се игра вонредно коло од Женската лига, а ова ќе бидат дуели од 6. коло кое има неколку интересни пресметки.

Лидерот Металург ќе биде на испит против Пелистер, тим кој игра променливо од стартот на сезоната, но и состав кој ќе знае сигурно да направи проблеми во Автокоманда. Нема да биде лесно да се освојат бодови и затоа денеска е за очекување да има интересен ракомет.

Вардар денеска е фаворит против Гевгелија, додека се очекува и Спартак утре да биде во предност против составот на Овче Поле во Свети Николе.

Затоа, пак, неизвесност се чека на дуелите во Струга и во Прилеп кои се играат утре. Стружанки покажаа сезонава дека знаат да победуваат против секого и оттаму на кумановки нема да им биде нималку лесно да дојдат до бодовите на овој дуел.

Истото се чека и меѓу Деспина и Цемс. Таму домашните треба да бидат во предност, но Цемс сезонава игра подобро во гости отколку дома.

ЖЕНСКА ЛИГА, 6. КОЛО

СРЕДА, 10 ОКТОМВРИ

16:00ч

МЕТАЛУРГ – ПЕЛИСТЕР

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

19:30ч

ВАРДАР – ГЕВГЕЛИЈА

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.

ЧЕТВРТОК, 11 ОКТОМВРИ

13:00ч

СТРУЖАНКА – КУМАНОВО

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Васе Зипевски од Гостивар.

18:00ч

ДЕСПИНА – ЦЕМС

Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Никола Пауноски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

19:00ч

ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – СПАРТАК

Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Длегат: Камер Металари од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Металург 15 бода (157:90); 2. Куманово 13 (155:111); 3. Вардар 10 (148:117); 4. Пелистер 9 (157:125); 5. Стружанка 7 (105:113); 6. Гевгелија 6 (119:131); 7. Цемс 6 (121:150); 8. Спартак 5 (113:140); 9. Деспина 3 (111:124); 10. Овче Поле 0 (92:177).