Женска лига: Металург и Куманово создадоа предност

Комплетирањето на 4. коло од Женската лига донесе интересен распоред на табелата во која тимот на Металург е единствениот кој има максимален број на бодови.

Екипата од Автокоманда е во предност од два бода во однос на Куманово и сосема извесно е дека меѓу овие две екипи ќе се води главниот збор за титулата и нивните меѓусебни дуели ќе ја имаат решавачката улога.

Во 4. коло немаше изненадувања. Ремито меѓу Стружанка и Спартак беше единственото кое донесе поделба на бодовите, додека на другите дуели победуваа составите од кои и се очекуваше да дојдат до триумф. Металург, Вардар, Цемс и Куманово се радуваа, па пред одигрувањето на средбите од 5. коло еве едно потсетување на сите резултати од 4. рунда во Женската лига.

ЖЕНСКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО

СТРУЖАНКА – СПАРТАК              21:21

МЕТАЛУРГ – ГЕВГЕЛИЈА               30:18

ДЕСПИНА – ВАРДАР     29:31

ОВЧЕ ПОЛЕ – ЦЕМС       23:33

КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР             28:25

СЛЕДНО, 5. КОЛО (06/07.10.2018)

ЦЕМС – МЕТАЛУРГ

ПЕЛИСТЕР – ОВЧЕ ПОЛЕ

ГЕВГЕЛИЈА – ДЕСПИНА

ВАРДАР – СТРУЖАНКА

СПАРТАК – КУМАНОВО

ТАБЕЛА: 1. Металург 12 бода (120:72); 2. Куманово 10 (126:95); 3. Вардар 7 (121:92); 4. Стружанка 7 (80:86); 5. Пелистер 6 (111:100); 6. Цемс 6 (103:113); 7. Спартак 4 (97:111); 8. Деспина 3 (89:100); 9. Гевгелија 3 (95:109); 10. Овче Поле 0 (67:131).