Женска лига: Вардар јуниор подготвува реванш за гевгеличанки

Поради учеството на Вардар во Лигата на шампионите и на Куманово и Металург во Челинџ купот викендов има само една средба во Женската лига.

Еден дуел од 9. коло ќе се одигра во понеделник, а другите се поместени за првите слободни термини така што е јасно дека викендов ќе има меч само во Скопје, каде што Вардар јуниор ќе има можност да им се реваншира на гевгеличанки за ремито во првиот круг.

ЖЕНСКА ЛИГА, 9. КОЛО

САБОТА, 11 НОЕМВРИ

ВАРДАР ЈУНИОР – ГЕВГЕЛИЈА 15ч

Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

ПОНЕДЕЛНИК, 13 НОЕМВРИ

ВАРДАР – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ            19:30ч

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска од Скопје. Делегат: Лери Мирчески од Скопје.

СРЕДА, 22 НОЕМВРИ

МЕТАЛУРГ – ПЕЛИСТЕР               16ч

Сала: Автокоманда во Скопје. Судии: Глигор и Спаско Ќаеви од Скопје. Делегат: Драги Папуџиев од Скопје.

ОДЛОЖЕН НАТПРЕВАР

ДЕСПИНА – КУМАНОВО

Сала: „Р. Р. Ричко“ во Прилеп. Судии: Никола Пауноски и Оливер Спироски од Струга. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.