Женска лига: Вардар јуниор падна на 5. позиција

Поразот од првиот тим на Вардар за ракометарките на Вардар јуниор значеше пад од 2. на 5. позиција. Тоа беше единствениот состав што загуби место на табелата после одигрувањето на средбите од 6. коло.

Напредуваа Металург, Пелистер и Куманово кои отидоа едно место погоре во однос на претходното коло, но бодовно немаат голема предност во однос на малите „вардарки“.

ЖЕНСКА ЛИГА

РЕЗУЛТАТИ ОД 6. КОЛО

ПЕЛИСТЕР – ОВЧЕ ПОЛЕ             45:33

КУМАНОВО – ГЕВГЕЛИЈА           35:21

ДЕСПИНА – МЕТАЛУРГ                19:26

ВАРДАР – ВАРДАР ЈУНИОР       48:19