Женската репрезентација на Унгарија на подготовки од 8 до 10 август

Додека клубовите имаат цело лето на располагање, селекторот на женската репрезентација на Унгарија,  Андреш Немет ги вклучи моторите, и заедно со неговите избранички ќе одиграат неколку пријателски натпревари на турнир во Кечкемет.

Она што е интересно е дека Унгарија на турнирот ќе биде претставена со А и Б селекција, поделени ракометарки во две селектирани групи.

Бидејќи унгарскте клубови подготовките за престојната сезона ги започнаа уште пред две седмици, ова ќе биде одлична проверка на репрезентативен план. И двете селекции на Унгарија ќе играат против репрезентациите  на Ангола и Романија. Овие подготовки ќе бидат за престојното европско ракометно првенство во женска конкуренција оваа година, на кое домаќини се Унгарија и Хрватска.

Во А селекцијата  ќе има вкупно 22 ракометарки, а во Б селекцијата 16 ракометарки.