Женската репрезентација на мегдан против Германија

Женската репрезентација на Македонија денес го игра квалификацискиот натпревар против селекцијата на Германија,  за настап на Европското Првенство во Хрватска и Унгарија кое ќе се оддржи од 7-ми до 21-ви декември 2014. Германија во „Кале“ доаѓа како фаворит, но само на хартија. Македонската репрезентација е без бодови, откако ги загуби двете средби против Русија. Германија забележа победа против Русија на домашен терен, но и пораз од истата репрезентација во Астрахан. Во двата натпревари против Русија предводник на Германија беше, Милер Сузан која постигна вкупно 18 голови, додека втор стрелец е десното крило на Баер Леверкузен, Запфт Марлене со вкупно 13 голови на двата дуели против Русија. Лоша реализација има селекцијата на Германија од линијата за седум метри,  од 12 пенали на двата дуели,  вкупно реализираа шест,  а шест пенали  ги одбранија противничките голманки. Најмногу исклучувања во германската репрезентација има ракометарката на Турингер,  Керсин Вохлболд која заработи 6 исклучувања ( едно на првиот,  две на вториот натпревар со Русија).
Македонија и на гостински и на домашен терен загуби од Русија. Во првиот натпревар Македонија беше поразена со огромни 36:23, додека во вториот натпревар избраничките на Ристо Магдинчев беа поразени со 31:24. Предводнички во нападот  во  дуелите со Русија беа ракометарките Елена Ѓоргиевска со 13 голови  и Зорица Десподовска со 11 голови . Од вкупно 7 пенали, Македонија има промаршено само еден .  Против Русија,  ракометарките имаа вкупно заработено 3 исклучувања ( 2 минути Мечевска, 2 минути Илкова во Ростов,  и 2 минути Митрова во Кале).

DSC_0417
Вчерашниот тренинг на репрезентацијата на Германија помина во знакот на фудбалот

Русија со двете победи против Македонија,  и едната победа против Германија го осигура пласман на ЕП.РФМ за денешниот натпревар реши влезот да биде слободен за сите љубители. Натпреварот против Германија започнува со почеток од 17:45 часот во СРЦ Кале. Реванш средбата е закажана за сабота во Магденбург.