Железничар на Вујо на бод од финале во Струга

Екипата на Железничар тргна по финале на Струшкиот турнир, а денешната победа од 23:20 над Алингсас од Шведска покажа дека тимот од Ниш сака висок пласман на овој турнир за одличен старт на сезоната под водство на Веселин Вујовиќ.

Алингсас тргна подобро во средбата. Поведе со 3:1, а потоа почна да се менува ритамот. Ова беше резултат постигнат во 7. минута, а потоа дојде до менување на ритамот. Железничар ја засили играта во одбраната, а тоа допринесе за подобар резултат во продолжение од натпреварот.

Алингас имаше проблеми да го види голот на тимот од Ниш цели 16 минути. Во овој период Железничар успеа да постигне седум гола и да поведе со 8:3, па ова допринесе за мирна игра во продолжение од средбата и во последните седум минути од првиот дел имаше по два гола на двете страни за на одмор да се замине со 10:5.

Во вториот дел Алингсас одигра подобро. Тимот од Шведска успеа постепено да намалува. Речиси редовно на секој гол на Железничар имаше по два, но успеваа ракометарите на Веселин Вујовиќ да се вратат во ритам и да дојдат до ново враќање на водството кое им гарантираше победа.

Швеѓаните стигнаа до негатива од два гола, но на минута до крајот Жељо имаше плус три и оваа разлика ја задржа до завршување на дуелот кој финишираше со 23:20. Воедно со оваа победа Железничар најави атак на финалето на Струшкиот турнир, а за него ќе треба барем бод од дуелот со Констанца утре.

ЖЕЛЕЗНИЧАР – АЛИНГСАС      23:20 (10:5)

Игралиште на „Женска плажа“ во Струга. Гледачи: 300. Судии: Благојче Тодоровски и Димитар Митревски од Битола. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ЖЕЛЕЗНИЧАР: Михаљевиќ (10 одб., 1 сед.), Димировиќ (3 одб.), Јанковиќ 1, Миловановиќ 2, Сретеновиќ 4, Маџар, Вејин 6, Лазиќ, Спасиќ 2, Савиќ, Бабиќ, Јевтиќ 2, Дамјановиќ 2, Чераниќ, Кљајиќ 2, Бандука, Кнежевиќ

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 4 мин.

АЛИНГСАС: Крафт (4 одб.), Скерлинг (3 одб.), Хеландер 1, Линдберг 3, Клар 6, Тирн, Бодин, Акселсон, Анресон 1, Нилсон, Лундал, Берг 5, Баруд 1, Ланг, Остегрен, Лијаба 4

Седмерци: 0/3, Исклучувања: 2 мин.