Ждрепка за СП во Катар 2015: Македонија во недела ја дознава својата група за СП во Катар 2015

Ждрепката за Светското ракометно првенство во машка конкуренција во Катар ќе се одржи на 20 јули (недела) во 21:00 часот, во Риц Карлтон хотелот во Доха.

Како што е веќе познато нашата репрезентација се наоѓа во третиот шешир со репрезентациите на Русија, Алжир и Катар, и со овие репрезентации нема да може да се сретнеме во првата фаза.

Ждрепката за СП во Катар 2015 година, ракометните фанови ширум светот ќе може да ја следат на официјалната страна на шампионатот www.qatarhandball2015.com