Ждрепка за СП во Катар 2015: Македонија во групата Б, заедно со Хрватска, Босна..

По извршената ждрепка за СП во Катар 2015 нашата репрезентација се најде во групата Б заедно со соседите Хрватска и Босна и Херцеговина, добро познатата Австрија, Иран и репрезентацијата на Тунис. Може да констатираме дека ова е поволна ждрепка за нашата репрезентација ако се знае дека ја избегнавме Германија од последниот шешир. Како што истакна катарскиот селектор, Валеро Ривера ова ќе биде еден од најсилните Светски шампионати во историјата, а ако го свртиме погледот на останатите групи само ке се увериме во неговата изјава.
групи катарГрупа А: Шпанија, Словенија, Бразил, Белорусија, Чиле, Катар.

Група Б: Хрватска, МАКЕДОНИЈА Босна и Херцеговина, Австрија, Тунис, Иран.

Група Ц: Франција, Шведска, Чешка, Египед, Алжир, Обединети Арапски Емирати.

Група Д: Данска, Полска,Русија, Аргентина, Бахреин,Германија.