Жарко Пешевски се чекираше во Штутгарт (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Македонија, кој од Мотор Запорожје се пресели во редовите на Штутгарт, Жарко Пешевски денеска се чекираше во новиот град на претстој и се пријави на подготовките на новата екипа. Пешевски се појави во Штутгарт и веќе ја даде првата изјава така што сега претстои напорен период за подготовка и за фаќање на залетот за претстојната сезона.

Жарко ќе биде засилување за пивотменската позиција за тимот од Бундес лигата и дефинитивно му претстои можност за ново докажување.

„Среќен сум што сум тука. Драго ми е што ќе бидам дел од овој тим во новата сезона и сакам да ги запознаам сите што е можно побрзо“, рече Пешевски во својата прва изјава во Штутгарт.

Како изгледаше неговото пристигнување во новиот тим можете да погледнете во продолжение.

Žarko Peševski is here

#Žarkoishere 😉

Публикувахте от TVB Stuttgart в Вторник, 9 юли 2019 г.