Жарко Пешевски го продолжи договорот со Металург

Жарко Пешевски го продолжи својот договор со Металург за уште две сезони. Пикерот на тимот од Автокоманда, кој ги помина сите категории на ракометната школа на Металург во наредната сезона ќе ја дели минутажата со Константин Петров кој пристигна од екипата на Радовиш.

“Мило ми е што го продолжив договорот со мојот матичен клуб Металург, кој е мој дом. Се надевам дека ќе имам успешна сезона, од која на крајот сите ќе бидеме задоволни. Амбициите остануваат исти, да се бориме за шампионската титула и да ја поминеме групната фаза во Лигата на шампионите“

-изјави 24-годишниот Жарко Пешевски за официјалната интернет страна на клубот.

Екипата на Лино Червар ќе се натпреварува во Лигата на шампионите и македонското првенство, а пред почетокот на сезоната се засили со Јанко Божовиќ и Константин Петров. За клубот исто така потпишаа хрватскиот интернационалец Марко Матиќ, и македонските голмани Дупјанчанец и Пешевски

Фото: Игор Бансколиев, “Н.Македонија“/rkmetalurg.mk