Жарко Марковиќ се сели во Ел Џаиш од Катар!

Иако во повеќе наши медиуми беше поврзуван со трансфер во Вардар, сепак црногорскиот бек се сели во Катар, во екипата на Ел Џаиш. По враќањето на екипата на Хамбург во третата лига, очекувано беше Марковиќ да го промени клубот во кој ќе настапува, но помалку изненадувачка е неговата одлука да замине во Катар со оглед на тоа дека е во најдобрите ракометни години. Жарко Марковиќ во својата кариера има настапувано за Веспрем, Будуќност, Дубаи, Металург, Гепинген и Хамбург.