Жалуз го “нокаутираше” соиграчот Сигурдсон, коментаторот О’Браниган им фати сеир (ВИДЕО)

Вчерашниот натпревар помеѓу ракометните гиганти Кил и Барселона донесе одличен ракомет, голем број на атрактивни потези, но и еден не премногу пријатен за левото крило на Барса, Валур Сигурдсон.
Имено при една акција на каталонците, Сигурдсон во обид да и помогне на својата екипа влета на линијата од шест метри, но за негова жалост влета и во “торпедото” на Ваел Жалуз. Тунижанецот моментално важи за еден од ракометарите со најсилен удар во ракометот, па на Сигурдсон му беше потребно малку повеќе време да се врати во реалноста.
Оваа комична ситуација предизвика смеа и кај коментаторот на ЕХФ, популарниот Том О’Браниган кој се извини на гледачите за својата реакција, но едноставно не можеше да остане рамнодушен на овој интересен момент.

A veces desdoblar no es la mejor idea ?

A video posted by HandStation (@handstationweb) on