ЕХФ ја објави статистиката: Киелце без грешка, Медведи со најслаб настап оваа сезона

Веќе традиционално тимот на ЕХФ по завршување на значајните етапи од натпреварувањето во Лигата на шампионите ги објавува најинтересните детали од статистиката на натпреварувањето.
Киеце е единствениот тим кој ги обезбеди сите 10 победи во групната фаза, овој подвиг полскиот шампион го остварил и сезоната 2012/13, а единствен друг тим кој бил перфектен во групната фаза е Суидад Реал (2009/10).
Две држави, Германија и Франција, ќе имаат по три претставника меѓу последните 16 екипи.
Трите голови на Металург во првото полувреме на натпреварот против Кил (03:17) беше една од најлошите први половини оваа сезона за една екипа.
Оваа сезона беа потребни само седум поени за напредување во следната фаза, Алборг со две победи и три нерешени натпревари се најде меѓу најдобрите 16.
Најефикасен напад имала екипата на Барселона со 338 погодоци, по што следува Кил со 322 и Вардар со 313.
Дванаесет натпревари заврши со гол разлика од 10 или повеќе, пет од нив во групата Б. Најголема разлика имаше на натпреварите помеѓу Кил и Металург. По победата на Кил од 42:27 во Скопје, Германците го победија Металург 35: 16 на домашен терен со вкупна гол разлика од 34 гола.

16 пати Барселона биле меѓу 16-те најдобри екипи во Лигата на шампионите ЕХФ. Кил и Веспрем ја следат со 15 учества, пред Загреб со 13.

19 гола беше најголемата разлика во една натпревар од групната фаза, а се оствари на натпреварот Кил-Металург (35:16).

Триесет и шест голови се најмалку постигнати погодоци во групната фаза, а се постигнаа на натпреварот Загреб Металург (19-17).

Седумдесет и три голови беа постигна на натпреварот меѓу Медведи и Вардар (34:39), и тоа беше дуел со најмногу постигнати голови на натпревар од групната фаза.

Кирил Лазаров(ФК Барселона) ја заврши групната фаза со 76 гола, зад него е Тимур Дибиров со 69 погодоци (РК Вардар Скопје) и најдобриот стрелец од минатата сезона, Момир Илиќ со 67 (МКВ Веспрем).

Екипата на Загреб прими 248 голови во десет натпревари од групната фаза што се најмалку погодоци во натпреварувањето. По хрватскиот шампион следи ТХВ Кил (259) и МКБ MVM Веспрем (262).

Најмногу посетители имало на натпреварот Загреб-Париз Сент Жермен, вкупно 13.000 гледачи што е најмногу досега оваа сезона.