ЕХФ со пофалби за Вардар: Европските прваци се „школски“ пример за добра одбрана!

Пред почетокот на новата сезона во Лигата на шампионите ЕХФ направи рангирање на најдобрите одбрани за следната сезона. Во критериумот се рангираа резултатите од минатата сезона и придонесот на новите засилувања во играта на тимовите. Македонскиот првак Вардар се најде на врвот на екипи со најдобри одбрани според ЕХФ.

Во краткото објаснување стои дека актуелниот шампион е училишен пример за тоа како треба да изгледа ракометна одбрана. Супериорна е во сите три аспекти: тактички, физички и ментално. А тоа не е така само поради ѕидот кој го создаваат Илија Абутвоиќ, Мијајло Марсениќ, Вуко Борозан и останатите.

Составот на Гонзалес минатата сезона примил најмалку голови додека создал најмногу шанси од одбрана преку брза транзиција, во однос на било кој друг тим. Во наредната сезона ќе бидат посилни за Даинис Криштопанс кој треба да го потенцира тактичкиот пристап кој го одведе македонскиот тим до титулата во Лигата на шампионите.

Зад Вардар според ранкингот на ЕХФ се наоѓаат Киелце, Рајн Некар Ловен, ППД Загреб, Кил, Фленсбург, Пик Сегед, Барселона, Веспрем и на втората позиција е минатогодишниот финалист  ПСЖ.