ЕХФ со дури три натпревари на колото овој викенд!

Наместо еден натпревар на колото кој ЕХФ традиционално го избира, овој викенд три натпревари ќе имаат посебен аспект кај љубителите на ракометот. Еден од нив е и натпреварот Вардар-Висла, на кој се очекува спектакуларна атмосфера и обид на вардарци да ги анулираат шесте голови негатива. Како што објави официјалниот сајт на ЕХФ, познатиот ракометен коментатор Том О’Бренигеин од Скопје директно ќе замине за Сегедин каде во недела од 17:15 часот ќе биде одигран вториот натпревар на колото. Домаќинот Пик Сегед по големата победа над Рајн Некар Левен во Германија е пред историска шанса за пласман во четвртфиналето. Во третиот натпревар, ППД Загреб во Данска ќе ги брани петте голови позитива против екипата на Колдинг.