ЕХФ ракометен суд: Рутенка ќе паузира еден натпревар!

Дисциплинската комисија во рамките на ракометниот суд на ЕХФ, денес донесе одлука за дисквалификација од еден натпревар на ракометарот на Барселона, Сергеј Рутенка, постапувајќи по дисциплинската постапка против играчот.
Ракометарот е директно дисквалификуван поради тоа што удри противничкиот играч во лице со лакт на три минути до крај на натпреварот од првото коло на Лигата на Шампионите, кој Барселона го играше против шведскиот претставник Алинскас. Заклучокот на дисциплинската комисија е дека Рутенка, покрај црвениот картон заслужува дополнителна казна од еден натпревар, бидејќи таквото движење не е нормален гест во борба за простор на пивотменската позиција, туку движењето е со намера и насочено кон лицето на противникот.
Рутенка ќе го пропушти натпреварот на Барселона против Висла Плок кој ќе се одигра во недела, 5 октомври.