ЕХФ пресуди: Висла мора да му плати на Металург

Сагата околу Немања Обрадовиќ и заминувањето во Полска во вицепрвакот Висла стигна пред ограните на ЕХФ, кои сѐ уште не пресекуваат, но кажуваат кој е во право и кој кому треба да плати. Последната препорака на ЕХФ е дека клубовите треба да решат меѓусебе, бидејќи Обрадовиќ има валиден договор со Металург.

Според нашите информации, ЕХФ им препорачале на полјаците директно да разговараат со македонскиот клуб, бидејќи тука немало случај, па не може Арбитражата на ЕХФ да решава. Сега останува Металург да каже која е нивната цена, и да се ценкаат.

Обрадовиќ веќе тренира со Висла, но неможе да биде регистриран за полскиот клуб се додека не добие сертификат од РФМ, а тој може да биде издаден само откако Металург ќе дозволи.

Металург на крајот од декември се согласи да го продаде Филип Талески на Рајн Некар, за што заработи над 100.000 евра. Сега повторно имаат шанса да заработат, за да можат да го платат обештетувањето за Хрватот Халил Јагањац од ПСЖ.