ЕХФ најде десет причини зошто Барса ќе го победи Вардар и ќе стане шампион

Европската ракометна федерација вчера објави десет причини поради кои македонскиот шампион Вардар може повторно да стане европски првак.

Денеска, пак, ЕХФ најде и десет причини поради кои ривалот на Вардар во полуфиналето – Барселона може да ја освои титулата.

  • Враќањето на Арон Палмарсон во препознатливата форма
  • Моќните млади играчи – тројца од четворицата најдобри стрелци на Барса имаат 22 години или помалку.
  • Барса ги победи сите други тимови на Ф4, а некои од нив и два пати во регуларниот дел од сезоната.
  • Никогаш нема паника во нивните редови, самодовербата е на највисоко ниво
  • Најдобра и најискусна клупа од сите тимови на Ф4
  • Гладни за успех по едногодишна пауза
  • Инстиктот на „убиец“ на Дика Мем
  • Голем избор на тактики и голем избор на играчи
  • Опасност на линијата – Лудовик Фабрегас
  • Барса го игра најдобриот ракомет

Полуфиналниот натпревар меѓу Вардар и Барселона се игра на 1 јуни со почеток во 18:00 часот.