ЕХФ Куп: Холстебро го декласираше Ростов во првиот финален натпревар

Дански Холстебро немаше никакви проблеми против руската екипа Ростов Дон и на свој терен пред своите фанови забележа убедлива победа со 33:20 (12:12) во рамките на првиот натпревар од финалната серија во ЕХФ Купот. Ракометарките на Ростов Дон имаа сила само за едно полувреме, додека Холстебро беше мотивиран во текот на целиот натпревар. Најдобра на теренот беше ракометарката на Холстебро, Хагман која постигна 15 погодоци. Во составот на Ростов Дон, Екатерина Илина и Владлена Бобровникова ја предводеа листата на стрелци со шест погодоци.

Реванш натпреварот е закажан на 09.05.2015  во Ростов, Русија. Ракометарките на Ростов Дон пред својата публика ќе имаат за цел да се покажат во подобро издание, со надеж дека со победа ќе ја затворат европската приказна во ЕХФ Купот.

Фото:teamtvisholstebro.dk