ЕХФ Куп: Пораз на Илкова и Јенимахал

Во рамките на ЕХФ Купот во третата фаза екипата на Јенимахал е поразена во првиот натпревар од Иси Париз со минимални 26:23 ( 12:13). Македонската репрезентативка Ленче Илкова на овој натпревар постигна четири погодоци и беше втор стрелец во Јенимахал. Најефикасна во турската екипа беше поранешната ракометарка на Кометал ЃП – Јелиз Озел со пет погодоци додека екс – вардаркарата Марина Дмитровиќ постигна три погодоци. Во францускиот состав норвешката ракометарка Стине Бредал ја предводеше својата екипа со девет погодоци. Реванш натпреварот се игра во Анкара на 23.11.2014 со почеток од 15:00 часот.

Фото: issyparishand.com