ЕХФ конечно се сети на македонскиот тим: Вардар и покажа на Европа како се слави (ВИДЕО)

Иако Европската ракометна федерација од стартот на сезоната во ниедна комбинација не го споменуваше Вардар, дури ниту за да ја помине првата фаза, сепак набрзина „експертите“ од ЕХФ беа демантирани.

Вардар не само што ја мина првата фаза, туку убедливо и лесно го елиминира хрватскиот Загреб во полуфиналето, туку сега е блиску и до Ф4.

ЕХФ конечно го препозна успехот па сподели видео од атмосферата по завршувањето на натпреварот со унгарскиот тим за прославата со навивачите.

„За синоќешната вечер“, напишаа од медиа тимот на ЕХФ на Твитер….