ЕХФ казнува и за бојата на чорапите

Дисциплинската комисија на Европското првенство 2016 одлучи да ги казни репрезентациите на Македонија и Франција заради носење чорапи и термо ракави во различни бои од боите на дресот.

Француската федерација треба да плати казна во износ од 1000 евра и 500 евра, заради не прикажување на официјалното лого на ЕХФ ЕУРО 2016 и носење на чорапи во различна боја.

Слична казна заработи и Македонија, која ќе мора да плати казна од 500 евра заради носење на чорапи во различна боја и марка од онаа на дресовите.

ЕХФ уште на почеток покажа дека не се шегува, а правилата се правила макар биле и банални.