ЕХФ им наплати на несериозните Хрвати

Хрватската ракометна федерација заработи казна од 5000 евра поради недостаток од претставник-клучен играч на извлекувањето на групите од Европското првенство за мажи Полска 2016.
Судот на ракометот при ЕХФ на почетокот на септември ја донесе оваа одлука откако на настанот организиран од ЕХФ во Краков, на кој беше одреден распоредот по групи на репрезентациите учеснички на Европското првенство 2016, не присуствуваше хрваскиот репрзентативец Иван Чупиќ.
Откако беше најавено неговото присуство и изработен промотивниот материјал, хрватската куќа на ракометот го информирала организаторот дека нивниот ракометар нема да присуствува на свеченоста неколку часови пред самиот почеток. Затоа легендарниот голман на Полска, Славомир Шмал мораше да го замени на сцената својот колега од Киелце при последниот круг извлекувања на репрезентацииите.
Во образложението на пресудата стои дека Хрватската ракометна федерација е казнета поради тоа што не обезбедила присуство на клучен ракометар на настанот и дополнително поради несериозниот однос кон ЕХФ кој го информирале за отсуството на Чупиќ неколку часови пред започнување на церемонијата.