ЕХФ го најави Ф4 во Келн: Вардар си најде свое место во десетте години полни со емоции (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар во 2017 година го направија најголемиот успех на македонскиот клупски ракомет. Со титулата освоена во Келн засекогаш се запишаа во историјата на европскиот ракомет и покажаа дека заслужуваат да се верува во нив.

Лигата на шампионите годинава ќе го има јубилејниот десетти Ф4 турнир, а истиот се одржува на 1 и 2 јуни во Келн. Најдобрата најава е со најголемите радости од завршните турнири, а таму место имаше и за ракометарите на Вардар.

Кои четири екипи ќе играат на новиот завршен турнир ќе биде познато за околу еден месец, а Вардар може трета година по ред да се пласира на ова натпреварување. Оттаму имаше свое место во видеото подготвено како најава за 10. јубилеен Ф4 турнир.