ЕХФ го игнорира Лазаров: Изборот на “најдобрите 7” на седмото коло на ЛШ без македонскиот капитен(ВИДЕО)

Европската ракометна ракометна федерација во изминативе неколку кола ги игнорира фантастичните партии на македонскиот ракометен капитен, Кирил Лазаров и не го вбројува во најдобрата седморка на колото иако тоа несомнено го заслужува. Ова коло на позицијата десен бек за најдобар беше прогласен Штефан Вајнхолд од екипата на Кил. Заслужено или не? На вас е да пресудите.

НАЈДОБРИТЕ 7 на седмото коло на ЛШ:


Лево крило: Мануел Лингер (Кадетен Шафхаузен)
Лев бек: Дмитри Житников (Чеховски Медведи)
Централен бек: Томас Могесен (Фленсбург)
Десен бек: Штефан Вајнхолд (Кил)
Десно крило: Џанис Рутенка (Мешков Брест)
Пивот: Толга Езбахар (Бешикташ)
Голман: Агинаглде (Ла Риоха)