ЕХФ ги одбра официјалните лица за Фајнл Фор турнирот во Будимпешта: Хрватски судии за Вардар!

Европската куќа на ракометот ги обелодени службените лица кои ќе го пресудат новиот шампион во Лигата на шампионките. Македонските првенки во второто полуфинале на 9 мај ќе играат против екипата на Будуќност, а правдата ќе ја делат хрватските судии Јуркиновиќ и Мрвица. Задраните се во Лигата на шампионите од 2010 година, а од добивањето на ЕХФ лиценцата (во 2009) па досега суделе бројни натпревари во машкиот и женскиот дел од елитното натпреварување. Минатата година тие беа дел од Европското првенство за жени чии домаќини беа Хрватска и Унгарија.
Честа да го судат финалниот натпревар им припадна на домашните унгарски судии Хорват и Мартон. За разлика од минатата сезона кога доминираа женските судиски парови, овојпат завршниот турнир ќе помине без ниту еден женски судиски пар.

Сабота, 9 мај: Полуфинале 1, 14:15

Ларвик vs. Динамо-Синара

Судии: Леиф Поулсен и Хенрик Мортенсен (ДАНСКА)

Делегати: Божидар Џурковиќ (СРБ) & Николае Визиту (МОЛ)

Сабота, 9 мај: Полуфинале 2, 16:45

ЖРК Вардар СЦБТ vs Будуќност

Судии: Далибор Јуркиновиќ и Марко Мрвица (ХРВАТСКА)

Делегати: Кармен Манчадо Лопез (ШПА) & Антонио Гулао (ПОР)

Недела, 10 мај : Натпревар за 3/4 место, 14:30

Поразениот од полуфинале 1 vs. Поразениот од полуфинале 2

Судии: Петер Бруновски и Владимир Чанда (СЛОВАЧКА)

Недела, 10 мај : MVM EHF FINAL4 ФИНАЛЕ, 17:00

Победник полуфинале 1 vs. Победник полуфинале 2

Судии: Петер Хорват и Балаз Мартон (УНГАРИЈА)