ЕХФ ги одбра најдобрите седум ракометарки од прелиминарната фаза

ЕХФ ја одбра најдобрата седморка на групната (т.н. прелиминарна) фаза. Како дел од најуспешните ракометарки во досегашниот тек на Првенството ја нема најпрецизната ракометарка Андреа Пенезиќ, а на нејзино место е искусната полска репрезентативка Кудлач која има подобар процент на прецизност и 15 асистенции во првиот дел од натпреварувањето. Меѓу најдобрите се две Швеѓанки (Оден и Гулден), две Норвежанки (Солберг и Локе), Украинка (Боршенко), Шпанка (Мартин) и полската репрезентативка Кудлач. На следното видео можете да се уверите во квалитетот на овие ракометарки.