ЕХФ бара нов домаќин за финалниот турнир на ЕХФ купот

Европската Ракометна Федерација бара нов домаќин за финалниот турнир во машка конкурекција на второто по ранг натпреварување – ЕХФ Купот. Пред две години и во оваа конкурекција се воведе истиот формат како и во Лигата на Шампионите со што победникот се добива преку одигрување на натпреварите од “фајнал фор” турнирот.
Прв домаќин на ова натпреварување во 2013 беше Нант, додека во минатата година домаќин беше градот Берлин.

Годинава е планирано натпреварите да се одиграат на 16/17 мај, а новиот домаќин ќе биде познат на 20 декември за време на женското Европското ракометно првенство чии домаќини ќе бидат Унгарија и Хрватска