Еурофарм Работник ќе аплицира за место во Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

Откако го победи Пролет со убедливи 16-3о, тимот на Еурофарм Работник го осигура второто место во Суперлигата и пласманот во регионалната СЕХА лига.

Битолскиот тим може да се обиде преку Ракометната Федерација на Македонија да ја испрати својата пријава до ЕХФ за место во елитната Лига на шампиони. Дека ќе се обиде да бара вајлд карта, потврди и стратегот на Еурофарм Работник, Стевче Алушовски.

„Овој резултат што го остваривме оваа сезона, како и рејтингот на македонскиот ракомет во Европа, ни дава за право да се надеваме дека ќе добиеме вајлд карта за Лига на шампиони“, вели Алушовски за 1ТВ.

ЕХФ има високи критериуми што треба да бидат исполнети за некоја екипа да добие вајлд карта за ЛШ, како сала, гледачи, конкурентност на екипата, потенцијалот на спонзорите, минатото во европските купови и други.

Целосната изјава на Стевче Алушовски може да ја погледнете во видео прилогот…